Мисија на училиштето:
Нудиме современ воспитно-образовен процес низ кој се изградуваат личности со развиена свест и способности за колективен и индивидуален развој. Jа почитуваме личноста на ученикот и на родителите. Користиме современа наставна технологија. Нашето училиште презема најразлични активности со кои поддржува партнерски односи меѓу учениците, наставниците и родителите.
Визија на училиштето:
Нашето училиште да биде средина каде што учениците со задоволство ќе доаѓаат и на современ начин ќе се стекнуваат нови знаења. Да бидеме граѓани подготвени за предизвиците во животот, образовани личности со стекнати знаења и вештини за работа. Еднакви можности за сите ученици, меѓуетничка комуникација и интеграција.
Цели на училиштето:
Цели на училиштето се обучен наставен кадар со вештини и компетенции потребни за образованието на 21 век, спроведување добри иновативни практики, почит, доверба и одговорност во комуникацијата и однесувањето на учениците, унапредување на соработка со родители и зајакнување на демократската клима во училиштето.
За патронот Александар Македонски
Александар III Македонски е македонски крал од династијата на Аргеади, син на Филип II и на Олимпијада. Роден е на 20/21 јули 356 година пред н.е. во Пела, а починал во Бабилон на 10/11 јуни 323 година пред н.е.
Владеел од 336 до 323 година пред н.е.
Ученик на познатиот хеленски филозоф Аристотел, кој одиграл големо влијание врз неговиот психофизичкиот развој . Аристотел ја поттикнал неговата љубов кон природните науки, историјата и уметноста, а како иден владател го подготвил за општественото уредување на државата, односот кон поданиците и верата, животот и смртта.
Со воена слава се стекнал на 18 години, кога учествувал во битката кај Хајронеја и заедно со својот татко, во 338 година пред н.е. ги победиле здружените сили на Хелените.
Александар Македонски е најголемиот војсководач и освојувач во светската историја. Со своите походи тој надалеку го раширил и прославил името на Македонија.
Александар Македонски преставува една од најзначајните личности во историјата на човештвото.