ООУ „Димитар Македонски“ се наоѓа во населбата Лисиче, општина Аеродром – Скопје. Основано е во 1964 година како донација од Република Франција, по катастрофалниот земјотрес во Скопје 1963 година. Во 2022 година училиштето функционира во нов објект, опремен со наставни средства што овозможуваат реализација на наставата на иновативен и современ начин.
Патронот Димитар Македонски (1847-1898) е просветител, учебникар, публицист, борец за национални и црковни права на македонскиот народ во 19 век. Роден е во Егејска Македонија, образованието го завршил во Белград, а во Цариград совладал повеќе странски јазици со што станал полиглот, нешто што било вистинска реткост, но и богатство за македонскиот народ во тоа време. Трагично загинал во 1898 година во Цариград.

