Општинското основно училиште „Александар Македонски“ – Скопје, отворено во 2013 година, една деценија со успех работи на образованието, воспитувањето, издигнувањето на младите генерации, давајќи своевиден придонес во нивното натамошно школување и вклучување во сите сфери на општествениот живот.

Училиштето има вкупно 27 училници и 5 кабинети.

Површина на дворот
6.704 m²

Површина на објектот
5.092 m²

Тип на образовна институција
Основно училиште
Населба
Реонски центар „Аеродром“
Адреса
ул. Благој Попов број 4
Е-маил
ou-aleksandarmakedonski-aerodrom@schools.mk
Телефон
6152-512
Факс
/
Директор
Маја Буклеска

Број на наставници
65
Број на ученици
710

Мисија на училиштето:

Нудиме современ воспитно-образовен процес низ кој се изградуваат личности со развиена свест и способности за колективен и индивидуален развој. Jа почитуваме личноста на ученикот и на родителите. Користиме современа наставна технологија. Нашето училиште презема најразлични активности со кои поддржува партнерски односи меѓу учениците, наставниците и родителите.

Визија на училиштето:

Нашето училиште да биде средина каде што учениците со задоволство ќе доаѓаат и на современ начин ќе се стекнуваат нови знаења. Да бидеме граѓани подготвени за предизвиците во животот, образовани личности со стекнати знаења и вештини за работа. Еднакви можности за сите ученици, меѓуетничка комуникација и интеграција.

Цели на училиштето:

Цели на училиштето се обучен наставен кадар со вештини и компетенции потребни за образованието на 21 век, спроведување добри иновативни практики, почит, доверба и одговорност во комуникацијата и однесувањето на учениците, унапредување на соработка со родители и зајакнување на демократската клима во училиштето.

За патронот Александар Македонски

Александар III Македонски  е македонски крал од династијата на Аргеади, син на Филип II и на Олимпијада. Роден е на 20/21 јули 356 година пред н.е. во Пела, а починал во Бабилон на 10/11 јуни 323 година пред н.е.

Владеел од 336 до 323 година пред н.е.

Ученик на познатиот хеленски филозоф Аристотел, кој  одиграл големо влијание врз неговиот психофизичкиот развој . Аристотел ја поттикнал  неговата љубов кон природните науки, историјата и уметноста, а како иден владател го подготвил за општественото уредување на државата, односот кон поданиците и верата, животот и смртта.

Со воена слава се стекнал  на 18 години, кога учествувал  во битката кај Хајронеја и заедно со својот татко, во 338 година пред н.е. ги победиле  здружените сили на Хелените.

Александар Македонски е најголемиот  војсководач  и освојувач во светската историја. Со своите походи  тој надалеку го раширил и прославил името на Македонија.

 

Александар Македонски преставува една од најзначајните личности во историјата на човештвото.