Дејан Митески
Градоначалник на Општина Аеродром
Дата и место на раѓање
20.06.1987 год. во Скопје
E-mail
aerodrom@aerodrom.gov.mk
Мајчин јазик
Македонски
Образование
Основно образование завршува во ОУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, а средното образование во „Васил Антевски-Дрен“. Во 2009 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ. Во 2016 година се стекнува со магистерска диплома на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Во април 2018 година го положува правосудниот испит.
Работно искуство
Своето професионално искуство го стекнува во повеќе државни институции, меѓу кои Министерството за транспорт и врски, Владината второстепена комисија од областа на имотноправни работи и градежно земјиште, како и во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како член на управниот одбор.
Бил член на Советодавниот комитет за земјишна политика во рамки на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“, како и член на Комисијата за организирање и спроведување обука и испит за стекнување овластување за располагање со градежно земјиште.
Коавтор е на Законот за градежно земјиште (2015), како и на повеќе измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење, како и подзаконски акти.
Во периодот 2013–2017 година е член на Советот на Општина Аеродром, каде што учествува во повеќе комисии. На локалните избори во 2021 година повторно е избран за советник, а на 01.11.2021 година е избран за претседател на Советот на Општина Аеродром.
На 28.06.2024 година ја презема функцијата заменик-градоначалник, а на 15.07.2024 година е избран за вршител на должност градоначалник.
На 02.11.2025 година е избран за градоначалник на Општина Аеродром со четиригодишен мандат.
Лични вештини и компетенции
Професионалност, одговорност, посветеност, аналитичко размислување, познавање на законска регулатива од областа на урбанизмот и градежното земјиште, комуникациски вештини, тимска работа и учество во процеси за имплементација на европски регулативи.


